Кејт Мидлтон во црвен фустан го најавува божиќниот концерт во Бекингемската палата

Кејт Мидлтон во свечен долг црвен фустан со светки се појави на фотографија со која го промовира престојниот тв специјал, „Кралски песни: Заедно наа Божиќ“ на кралското семејство.

„Придружете ни се овој празник во Вестминстерската опатија, полна со празнични песни и прекрасни изведби, додека го славиме она што го прави овој период од годината најдобар“, вели Кејт.

На концертот на принцезата и принцот Вилијам ќе им се придружат и кралот Чарлс III и кралицата Камила.

„Овогодинешната песна е посветена на кралицата Елизабета Втора и вредностите што Нејзиното Височество ги покажа во текот на нејзиниот живот, вклучувајќи должност, емпатија, верба, услуга, добрина, сочувство и поддршка за другите“, се додава во соопштението.

Принцезата од Велс ги носеше обетките со рубин Сору кои чинат 189 долари што ги носеше првиот пат кога го облече фустанот.

 

 

Scroll to Top