Кортни Кардашијан предизвика возбуда со своите неодамнешни фотографии од бикини, особено затоа што гордо се пофали со губењето на тежината по раѓањето на своето четврто дете.
Риалити ѕвездата Кортни Кардашијан неодамна ја покажа својата нова линија во бело бикини, откако ослабе со помош на додаток за слабеење. Станува збор за нејзин сопствен производ, GLP-1 Daily, од линијата Lemme, а капсулите можат да чинат 2 долари на ден ако се купат во шестмесечно пакување за 336 долари.
„Таа ги зема своите капсули и тие делуваат така што го намалуваат апетитот, особено кога станува збор за слатки. Сè е природно, без чудни состојки“, откри анонимен извор.
Многумина велат дека Кортни е најубавата и најприродна сестра во кланот Кардашијан-Џенер, со многу женствено тело и облини, а нејзините фотографии, кои неодамна ги покажа од својот одмор, што сигнализираше дека летото започна, предизвикаа вистинска возбуда на социјалните мрежи.