Кралицата Летиција од Шпанија во петокот го посети 23. Филмски фестивал Опера Прима во Тудела. Кралицата расположена се фотографираше со обожавателите на настанот.
За овој настан, кралицата Летиција избра светло сив миди фустан со долги ракави со V-деколте, преклоп и набори. Фустанот со недовршен раб е дел од понудата на брендот Cortana.
Во комбинација со фустанот, кралицата носеше и чизми кои најчесто сака да ги носи.
Тоа е модел над колена. Чизмите од брендот Nina Ricci се со висока потпетица, а кралицата веќе некое време ги има во својот гардеробер.
Инаку, чизмите над колена не се вообичаен дел од гардеробата на членовите на кралските семејства, но кралицата Летиција обожава да ги носи и има неколку модели кои секогаш ги комбинира на соодветен начин.