Македонскиот интернационален модел, Татјана Јанушева, е дел од најновата кампања на познатиот бренд Miss Sixty. Фотографиите за кампањата таа ги направи на неколку локации во Париз. Заштитно лице на овој бренд во претходните кампањи беше супермоделот Бела Хадид.
„Татјана во последнава година го направи својот интернационален пробив, откако потпиша договор со престижната модна агенција Next Mаnagement. Во изминатиот период кај нас беше ангажирана за сите поголеми брендови и дизајнери, но последнава година работи исклучиво во Париз и Милано. Татјана ни покажа како се гради успешна кариера во светскиот моделинг“, велат од нејзината матична куќа „Моделс ин“.