Оваа година повторно го очекуваме најголемиот хуманитарен моден спектакл, таканаречената Мет Гала, на која ќе бидат домаќини најголемите ѕвезди од светот на познатите личности. Темата е веќе откриена, а сега и „дрес-кодот“.
Да потсетиме дека темата на овогодинешната Мет Гала се вика „Costume Art“ и се фокусира на човечкото тело како неразделен аспект на уметничкото дело. Кустосот на музејот, Ендру Болтон, истакна:
„Наместо да се дава приоритет на модата и модните парчиња и со тоа повторно да се врши притисок врз човечкото тело, костимската уметност овој пат ќе ја покаже врската помеѓу облеката и истото тоа тело“, рече тој.
Сега е откриен и дрес-кодот за оваа, најгламурозна модна вечер, под мотото „Модата е уметност“ (Fashion is Art).
Болтон во изјава за медиумите нагласи дека овогодинешната тема конечно ќе стави крај на дебатата „Дали модата е уметност“, и дека познатите личности, преку нивните лични модни изрази, ќе мора да докажат дека „модата е уметност“.
„Го сменивме она што го правевме досега“, вели Болтон. „Сега ја гледаме уметноста низ призмата на модата“.






