Никол Кидман блесна на премиерата на нејзиниот нов филм Babygirl во Лос Анџелес.
Таа на црвениот тепих се појави во фустан без прерамки со цветни украси. Имаше црна панделка околу половината.
Babygirl ја следи Роми (Никол Кидман), моќна извршна директорка која ги става во опасност нејзината кариера и семејството кога започнува афера со помлад практикант (Харис Дикинсон). Иако филмот опфаќа некои важни теми, има и контроверзни сцени кои веќе предизвикаа реакции во јавноста.
Никол на црвениот тепих изјави дека публиката треба да одлучи што мисли за тие сцени.
„Едноставно сакам што секој има различно сфаќање за сцените. Навистина е забавно. Филмот очигледно има необичен наслов, но навистина е забавен, а исто така е храбар и нов”, рече таа.
Иако филмот се уште не е прикажан пред публиката, Никол веќе доби номинација за Златен глобус за најдобра актерка во драма.
„Навистина сум благодарна за номинацијата и што добиваме огромно внимание. Добивам пораки од луѓе ширум светот кои ми честитаат“, рече Никол.