Новата фризура на Анџелина Џоли, пролетен хит кај жените

Глумицата Анџелина Џоли периодов направи промени на изгледот која предизвика воодушевување кај фановите. Од пред неколку месеци ја осветли косата и стана русокоса. Таа дојде на настанот на кој го промовираше нејзиниот нов бренд Atelier Jolie, дел од брендот „Клои“.

Се појави во црн фустан, што само дополнително ја изрази скратената коса, а со минималната боја на шминка и кармин, дојдоа уште повеќе до израз нејзините руси прамени.

За потсетување, Џоли во деведесетите имаше руса коса, а низ годините негуваше браун нијанси и не отстапуваше од нејзиниот класичен изглед. Пролетва многу дами ги осветлија прамените, а русата коса моментално е еден од најголемите трендови.

Scroll to Top