На социјалните мрежи започна сериозна паника, откако се појави информацијата дека од 1 септември оваа година, Европската Унија воведува забрана за употреба на козметички производи што ја содржат супстанцата TPO. Токму тоа се наоѓа во голем број гел лакови за нокти, како и во лепила за вештачки трепки. Ова значи дека гел лаковите за нокти ќе заминат во историјата.
TPO, супстанца што најчесто се наоѓа во хибридни лакови за нокти, лепила за екстензии за трепки, како и во гелови, е прогласена за канцерогена, токсична за репродукција, поради што е особено опасна за бремени жени. Затоа е објавена забрана за нејзина употреба, продажба и примена од 1 септември.
Истражувањата покажаа дека оваа супстанца може да предизвика голем број несакани ефекти, од хормонален дисбаланс и токсичност за репродуктивниот систем, до потенцијално формирање на рак.
На социјалната мрежа „Икс“ има многу дебати за тоа дали е во ред да имате „лажни“ нокти. Некои жени се прашуваат и дали се единствените што никогаш не го направиле тоа. Оние што го прават тоа, се многу загрижени, бидејќи фактот е дека гел-лакот, со тоа што е долготраен, ги прави вашите нокти убави и уредни со недели.
TPO е фотоиницијатор што се користи во производите за нокти, како што се трајни лакови, гелови и акрилни бои, за да им се овозможи да се стврднат под УВ или ЛЕД ламби.