Модната куќа „Прада“ ја претстави „Етернал голд“ – првата колекција на накит од 100 проценти рециклирано и сертифицирано злато, со намален и минималистички дизајн.
Со овој потег, „Прада“ само што влегува во светот на накитот, а веќе постави нови стандарди бидејќи ја направи колекцијата накит одржлива.
Како што објавија странските медиуми, колекцијата е фокусирана на безвременоста на накитот со цел да се пренесува од колено на колено. За неговото создавање била потребна повеќе од една година.