Провокативна фотосесија на Рита Ора и Таика Ваитити за „Вог“: тајната за успешен брак е да најдете време еден за друг

Рита Ора и нејзиниот сопруг, режисерот Таика Ваитити потврдија дека официјално се венчале во јануари. Парот за јунското издание на австралискиот „Вог“ позирал во провокативни пози.

Британската поп-ѕвезда на една од фотографиите позира во долг фустан со светки, додека на друга фотографија е со суптилна шминка при што доаѓа до израз нејзината природна убавина.

Четириесет и седумгодишниот Таика изгледа кул во сини фармерки и бела маичка додека гледаа во далечината.

Парот во интервјуто открива дека тајната зад нивниот успешен брак е одвојување време еден за друг.

„Тоа е работата за бракот, за врските, е да ја пронајдете личноста со која сакате да се дружите и да бидете сигурни дека навистина го правите тоа“, рекол Таика.

Рита додала дека се работи за жртвување на одредени работи и одвојување време еден за друг, особено кога и двајца имаат работни ангажмани … Ако навистина се грижите за некој, ќе го сфатите тоа.

 

Scroll to Top