Речиси секогаш е разголена, но сега реши да покаже малку поинаква верзија

Секогаш насмеана и подготвена да им угоди на папараците, Хајди Клум уште еднаш ја покажа својата беспрекорна фигура!

Хајди Клум неодамна беше фотографирана во Њујорк во атрактивно издание.

Германската убавица за дневната варијанта носеше комплет – жолто тренч палто и лесни панталони кои одлично ги искомбинирала со бели салонки.

Иако сме навикнати да ја гледаме славната манекенка речиси секогаш во разголени комбинации, мораме да признаеме дека таа целосно воодушеви со оваа облека за еден дождлив ден во Њујорк.

За да го комплетира изгледот, Хајди избра златни аксесоари, кафена чанта и очила кои одлично се совпаѓаа со аутфитот.

Како и да е, со овој потег таа докажа дека нејзината природна убавина секогаш наоѓа начин да дојде до израз – без разлика дали носи оскудни креации или оние кои не откриваат апсолутно ништо.

Scroll to Top