Роби Вилијамс дојде на ревијата како монах

Пејачот Роби Вилијамс на модната недела во Париз беше главна атракција со модната комбинација. Тој на ревијата на Џамбатиста Валисе појави облечен како монах.

Вилијамс се појави со неговата сопруга Ајда Филд, облечен во едноставна црна наметка што му го покрива целото тело и обична бела кошула со црни панталони. Модните критичари Вилијамс го споредија со ликот Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“.

Сопругата на пејачот пак за оваа ревија одбрала едноставен бел фустан со црна панделка.


Scroll to Top