Сабрина Карпентер, една од најпопуларните пејачки на денешницата, позираше за насловната страница на Вог, а со своите руси локни и винтиџ корсет многумина ги потсети на Мерлин Монро.
Пејачката покажа уште неколку впечатливи изгледи, како црно-бела комбинација на цветен топ и здолниште. Исто така, во видеото кое беше објавено, таа смени неколку аутфити, а промените на имиџот беа опишани како нејзино „алтер его“.
„Што е заедничко за Катрина Шарпентер, Серена Карпен-Тера, Кристина Барбентер и Реџина Харпентер (покрај низок раст и сјајна коса)? Тие се алтер егото на нашата ѕвезда“, се вели во описот на видеото на Инстаграм.
Сабрина моментално е една од најпопуларните пејачки на новата генерација. Во тоа помогна и Тејлор Свифт, која ја покани Сабрина да гостува на турнејата Ерас. Сабрина зад себе има голем број светски хитови.
Така со песната Еспресо таа прво го освои ТикТок, па другите социјални мрежи, а потоа Спотифај.