Мексиканско-американската актерка Салма Хајек и на 58 години важи за една од најубавите жени на светот, а со новите фотографии од одморот уште еднаш покажа дека не се плаши од стареење – гордо позираше без шминка и со видлива седа во темната коса.
На својот Инстаграм профил таа сподели серија опуштени фотографии од патувањето, меѓу кои и оние на кои се појавува целосно без шминка. На некои од нив јасно се гледа дека гордо ги покажува сивите прамени во косата, која е инаку темно кафеава.
На фотографиите може да се види и во костим за капење, кој ја истакнува нејзината фигура – која со децении ја прави препознатлива во Холивуд. Иако нема проблем со годините, Хајек неодамна откри дека сепак посегнала по процедура за естетско подмладување.
Тоа е ултразвучен третман кој го стимулира затегнувањето на кожата и производството на колаген. „Сакав мојот сопруг да каже ‘Леле’ кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро со мојот изглед, но не мора да изгледам како да имам 20 години“, рекла таа.
Таа исто така додаде дека сега всушност е повозбудена за своите педесетти: „Тоа е поинаков вид на убавина“, рече таа во интервју за Пипл.