Селена Гомез блесна на црвениот тепих на доделувањето на ЕМИ наградите

Пејачката и актерка Селена Гомез прошета на црвениот тепих на доделувањето на Еми наградите и сите погледи беа вперени во неа. Модните критичари се воодушевени од фустанот на Селена, а очигледно е дека актерката блеска од самодоверба.

Селена Гомез (31) избра фустан на Оскар де ла Рента направен исклучиво за неа, од проѕирни делови и  форми кои наликуваат на цветни ливчиња.

Долгиот фустан без прерамки со длабоко деколте ја истакна нејзината фигура.

На „ливчињата“ на фустанот имало повеќе од 450.000 светкави украси, а Селена носи и ланче „Тифани“ со морганит од 35 карати, дијаманти и розови сафири, во платина и жолто злато. Морганит, инаку, е редок вид портокалов или розов скапоцен камен кој се здоби со популарност само во последните петнаесет години.

Актерката која неодамна објави дека има ново момче, носеше пунџа и кармин за да одговара на фустанот и дискретните сандали, а на црвениот тепих и се придружија познатите актери Стив Мартин и Мартин Шорт со кои игра во хит серијата “Only murders in the building”.

Scroll to Top