Топ-моделите облекоа кожени бикини во чест на Ракел Велч

Хајди Клум, Емили Ратајковски и Терес Џудис, едни од најпознатите светски модели, објавија слики облечени во кожени бикини во чест на Ракел Велч. Глумицата, која почина на 82 години, важеше за еден од најголемите секс-симболи на 60-тите, а се прослави со улогата во филмот „Еден милион години п.н.е.“ во кој носеше кожени бикини.

Емили Ратајковски го копираше изгледот на Велч за Ноќта на вештерките во 2018 година. Сега повторно ја сподели старата слика заедно со неколку фотографии од легендарната глумица.

„Јас сум опседната со референтни фотографии, а таа фотографија, тој постер од неа во, како што ги нарекоа „првите бикини на човештвото“, го сакам! Забавно е и малку чудно“, рече тогаш Емили.

И Хајдо Клум во 2002 година го копираше изгледот на Ракел, а сега пак ги сподели сликите.

И манекенката Терес Џудис, ѕвездата на „Вистински домаќинки од Њу Џерси“, објави слики за споредба со починатата актерка. Тереза направи фотосесија во 2016 година каде се појавува облечена во стилот на Ракел.

„Додека растев, Ракел Велч беше толку убава и иконска жена за мене, ама и за сите други на планетава. Почивај во мир вистинска иконо“, напиша таа.

Scroll to Top