Дензел Вашингтон, легендарниот 69-годишен актер, со својата едноставност ги воодушеви обожавателите и сите присутни на премиерата на „Гладијатор II“ во Париз. И покрај тоа што присуствуваше на една од најважните филмски вечери во годината, Вашингтон се одлучи за опуштен и ненаметлив изглед – облечен во едноставна блуза со долги ракави, маица, фармерки и сини патики.
Во видеото, кое бргу стана вирално на „Инстаграм“, Вашингтон љубезно разговараше со новинарите и потпишуваше автограми за обожавателите. Неговото однесување предизвика многубројни позитивни реакции кај фановите, кои го коментираа како еден од најскромните и најпристапни познати личности.
View this post on Instagram
„Големиот Дензел“, „Погледнете колку е едноставен и скромен“, „Овој човек е легенда“, „Голема почит за него“, „Тој е кралот“, „Милиони на сметка, а не се расфрла“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.