(Видео/Фото) Таа сјае посилно од дијамантите што ги носи: сексапилот е нејзино второ име

Овогодинешниот 78-ми Кански филмски фестивал продолжува да собира мноштво познати ѕвезди и јавни личности, а по црвениот тепих прошета и Скарлет Јохансон.

@gala.fr #scarlettjohansson #cannes2025 #tiktokfashion #onregardequoi #debeers ♬ Enchanted – Taylor Swift

Актерката блесна на црвениот тепих и ги мамеше погледите со својата убавина, но и со луксузната креација што ја носеше, со која соодветно одговори на новите правила што ги наметна овогодинешниот престижен филмски настан.

Скарлет Јохансон носеше сензуална и елегантна вечерна тоалета во една од најпопуларните бои оваа сезона, нежно сина нијанса.

Таа присуствуваше на премиерата на филмот „Vie Privée“, а креацијата што ја носеше беше од познатата модна куќа Прада. Кроена е така што лесно паѓа надолу по нејзината фигура и го нагласува горниот дел бидејќи рамената се голи.

Горниот дел има хоризонтални набори, додека долниот дел има мали набори, а фустанот малку се шири на дното и се влече по подот.

Таа го зачини својот неодолив, гламурозен изглед со црвен кармин и дијамантски накит. Таа носеше повеќе од 62 карати дијаманти од Де Бирс: обетки, прстен и три нараквици.

На црвениот тепих ја придружуваше нејзиниот сопруг Колин Џост, актер и комичар, со кого е во брак од 2020 година.

Во август 2021 година, тие го добија своето прво заедничко дете, син по име Косм.

Scroll to Top