(Видео) Кајли Џенер со нова модна колекција: „Опседната сум“

Новата колекција на брендот Khy ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи кои велат дека колекциите на Кајли Џенер се најдобри.

Кајли Џенер, која стои зад брендот Khy, претстави нова модна колекција на социјалните мрежи која е создадена во соработка со добро познатото име на лондонската модна сцена, DILAR Findikoglu.

@khy

Where structure meets seduction – the mesh corseted catsuit and denim bra by KHY x @Dilara Findikoglu coming 05/28 to khy.com.

♬ original sound – Khy by Kylie Jenner

Ова не е првата соработка што Кајли ја реализира, бидејќи таа редовно го прави ова со дизајнери и други брендови, а нејзината нова колекција е инспирирана од корсети кои се враќаат на тронот оваа сезона.

Во своите објави, таа носи заводливи парчиња облека, а комплиментите за новата линија, како и за изгледот на познатата богаташка, не престануваат да течат.

„Опседната сум со оваа колекција“, „Прекрасна“, „Нејзините колекции се најдобри“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

„Беше чест да соработувам со DILAR Findikoglu, чиј бренд го носам и обожавам со години. Создадовме колекција која ги комбинира женственоста и сексапилот со беспрекорен квалитет“, изјави Кајли Џенер.

Scroll to Top