(Видео) Луксузниот маникир станува сè попопуларен, а толку лесно се постигнува

Во овој период од годината, многумина избираат потемни бои на лакови за нокти. Можеби тоа е поради тмурното време, а можеби и поради потемната гардероба која е карактеристична за овој период од годината, но несомнено е дека потемните нијанси владеат со маникирот од ноември до пролет.

Најчесто можеме да видиме темноцрвени и чоколадно кафени нијанси, но една боја се издвојува како особено барана сезонава, а тоа е темно шумско зелената.

Оваа боја станува се попопуларна бидејќи на ноктите изгледа неверојатно луксузно.

Одлично оди и со зимската палета на бои, внесувајќи нешто ново и возбудливо во вашите секојдневни модни комбинации, а особено убаво изгледа со црна боја.

Жените кои се заљубиле во оваа прекрасна нијанса со задоволство ја прикажуваат на социјалните мрежи во различни варијанти.

Scroll to Top