Познатата актерка, Деми Мур (63), прошета во нереален аутфит од модната куќа Schiaparelli, со која соработува со години. Пред неа, контроверзната Тејана Тејлор исто така блесна на истото место, но овие две диви покажаа сосема спротивно модно издание.
View this post on Instagram
Деми веќе неколку пати маѓепсуваше во модели со потписот на оваа модна куќа, но секогаш беа фустани, па сега направи мал моден пресврт, но сепак воодушеви.
View this post on Instagram
Познатата актерка избра црна комбинација со модерен леопардски принт, која се состои од панталони, ефективна ролка и палто, сите во истиот дезен.
View this post on Instagram
Целото издание го комплетираше со црни чевли и црна чанта. Иако ова е сосема различно од сè што Деми покажа претходно, сепак успеа да биде во центарот на вниманието.
Париз ќе биде во фокусот на сите модни настани во наредните денови, бидејќи најпознатите модни куќи ќе ги претстават своите колекции за пролет и лето оваа година.
Но, пред сè, лицето на Деми Мур повторно стана интересно, актерката изгледа помлада секој ден, а шпекулациите за прекумерни козметички процедури продолжуваат да се зголемуваат.






