(Видео) Објавени се првите имиња на култната модна ревија: сите повторно ќе треперат поради Адријана Лима

Минатата година, се потсетивме зошто ни недостигаше ревијата на познатите ангели на Викторија Сикрет. Брендот имаше камбек шоу тогаш, а оваа година ќе имаме можност повторно да уживаме во сето тоа.

Потврдени се и шесте модели кои ќе учествуваат, а меѓу нив е и име кое особено воодушевува, Адријана Лима.

„Тајната е откриена“, е описот на видеото објавено на официјалниот профил на брендот.

А потоа тука се Лили Олдриџ, Џоан Смолс, Алекс Консани, Јуми Ну, Анок Јаи и Адријана Лима.

Интересно е и тоа што Алекс Консани беше првиот трансродов модел кој прошета за Викторија Сикрет.

Овогодинешната ревија ќе се одржи на 15 октомври во Њујорк, а сите со нетрпение ги очекуваме имињата на другите модели.

Постојат бројни шпекулации, а луѓето најмногу сакаат да ги видат Барбара Палвин и Кандис Сванепул.

Минатата година, токму на оваа ревија Адријана Лима се врати по шестгодишна пауза. Таа покажа дека е сè уште неприкосновена на пистата, а што ќе се случи оваа година не можеме ни да замислиме.

Scroll to Top