Лос Анџелес беше центар на светот, бидејќи многу познати личности присуствуваа на настанот „Variety Power of Women“.
Ова е посебна церемонија која ги здружува жените од различни сфери на уметноста, но и оние кои направиле значајна промена во општеството преку својата работа и ангажман.
Настанот ја слави моќта на жените и нивната подготвеност да го променат светот и луѓето околу нив, а на црвениот тепих видовме многу лица од светот на филмската индустрија.
Sydney Sweeney and Sharon Stone have a euphoric reunion on the Variety Power of Women carpet. pic.twitter.com/IYz6TkOp8n
— E! News (@enews) October 30, 2025
Едно такво лице воодушеви многумина со својот изглед и беспрекорен стил, а тоа е актерката Шерон Стоун.
За оваа пригода, таа одлучи да носи минималистичко издание, преголема сатенска кошула во боја на шампањ. Преголемите ракави и јака беа интересни детали од оваа креација, бидејќи го правеа изданието на актерката повеќе да потсетува на модерна скулптура отколку на обична облека.
Sharon Stone stuns on Variety's #PowerOfWomen carpetpic.twitter.com/Gdh1xItmip
— dailydoseofcinemaa (@ddofcinemaa) October 30, 2025
Таа го комплетираше својот изглед со црни панталони со рамен крој, исто така изработени од сатен, долги бели ракавици и чантичка украсена со мали кристали. Нејзините чевли во смарагдна боја беа исто така впечатливи.
Целиот изглед на познатата Шерон Стоун може да се дефинира како комбинација од современа уметност и гламур од стариот Холивуд.
фото: принтскрин






