Модната недела во Париз собра бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста, а модната ревија на познатиот бренд „Скијапарели“ претстави неколку интересни, но и смели модни парчиња.
Покрај раперката Карди Би, која ги шокираше сите присутни со своето модно издание, и пејачката Дуа Липа пронајде начин да создаде возбуда на гореспоменатата ревија.
Имено, за оваа пригода таа одлучи да донесе вистинско уметничко дело направено од пердуви. Макси фустанот во бела боја го привлече вниманието на јавноста, а љубопитните набљудувачи не го пропуштија длабокиот шлиц и интересното деколте на креацијата.
Својот стајлинг го комплетираше со дебели обетки и минимална шминка во „nude“ тонови, а кога стануваше збор за стилизирање на косата, популарната пејачка се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по нејзините рамена.