(Видео) Позната манекенка отишла на фризер па се пожали: „Најлошата фризура во мојот живот“

Емили Ратајковски објави видео на Тикток во кое ги покажува резултатите од нејзината последна посета на фризер. Познатата манекенка се пожалила дека завршила со „најлошата фризура што ја имала во животот“.

Во видеото манекенката со едната рака покрива дел од косата.

„Време е за приказната, да, имам филтер затоа што ја имам најлошата фризура во животот и треба да се чувствувам убаво“, објасни таа, а потоа ја тргна раката и ја покажа фризурата.

„Ох, мислевте дека се шегувам? Имам шишки на задниот дел од главата”, рекла таа, а потоа се обиде да погоди што сакал да направи нејзиниот фризер.

@emrata

♬ original sound – Emrata

„Шокантно“, заклучи таа и додаде дека донекаде може да ја сокрие својата лоша коса, но дека нема помош за неа доколку дува ветер.

Видеото ги насмеа фановите, а имаше и смешни коментари. Меѓу другото, ја споредуваа и со пејачот Лиам Галагер.

„Каква фризура сакаше?“, „Дали ќе го тужиш фризерот?“, „Мислев дека богатите ги немаат овие грижи“ и „Изгледаш како Лиам Галагер“ се дел од коментарите.

Scroll to Top