Овој неверојатен трик стана вирален на „Тик-ток“ и „Инстаграм“, и тоа со добра причина. И вие ќе бидете воодушевени кога ќе погледнете.
Сенки, хајлајтери, бронзери, коректор, руменило… Има безброј техники и производи кои создаваат совршена шминка.
И можеби ги користиме сите – или барем повеќето од нив – кога излегуваме на забава, но секако не го правиме тоа секој ден пред да одиме на работа.
Малку коректор за прикривање на несовршеностите, маскара за истакнување на очите и руменило за поздрав изглед на кожата.
Ако го правите истото, треба да обрнете внимание сега, бидејќи ако го промените начинот – или поточно, местото каде – го нанесувате руменилото, вашето лице ќе изгледа како да сте направиле мини-лифтинг.
Трикот кој стана вирален на „Тик-ток“ вклучува нанесување руменило високо на јаготките, наместо на образите, како што е општо познато. Ако го комбинирате тоа со нежна контура, резултатот ќе биде навистина импресивен.
Видеото јасно покажува по кој редослед и точно што треба да ставите на лицето за да го постигнете овој ефект.