(Видео) Таа секогаш ќе биде секс симбол: Памела Андерсон поубава од кога било – нејзиното лице е совршено

Познатата Памела Андерсон (58) едноставно не умее да остари и тоа не е нејзина вина, коментираше некој на социјалните мрежи и тоа е вистина. Поранешниот секс симбол сега се ближи кон крајот на својата шеста деценија, но во исто време дели лекции за стил без шминка.

Познато е дека познатата убавица се појавува на речиси сите настани без ни трошка шминка, а таква беше и додека снимаше реклама со својот син и презентираше некои производи од нејзината линија за нега на кожа „Sonsie“.

Памела и тогаш беше без шминка, а облеката повторно доби сите позитивни коментари. Беж здолниште до колена во комбинација со чизми од истата нијанса и едноставен преголем џемпер во сива боја совршено се вклопуваше во нејзиниот „природен изглед“ што го негува.

Набрзо следеше второ видео во кое Памела ја покажува својата рутина за убавина, па добивме близок поглед на тоа како изгледа нејзиното лице.

„Твојата кожа е фантастична“, „Совршена си“, „Ова е најубавата жена на светот“, „Толку си природна и убава“, „Женствена“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.

Scroll to Top