Состојки:
- 1/2 банана
- 1 мало свежо цвекло
- 2 шаки малини
- 1 мал морков
- сок од половина лимон
- 2 dl вода
Подготовка:
Бананата исечкајте ја на кругови, а цвеклото и морковот на коцки, па ставете ги во блендер. Измешајте малку, па додајте малини, сок од лимон и вода. Готовиот пијалак истурете го во чаши и послужете го веднаш.