Сопственичката на изгубена актовка вчера даде оглас во германските медиуми и на чесниот наоѓач му нуди награда од 30.000 евра.
Во огласот, објавен на цела страница на весникот „Билд“, пишува дека се бара сива актовка „Бриони“. Сопственичката не наведува што има во актовката што ја изгубила на 4 ноември во ресторан на главната железничка станица во Берлин.
За контакт оставила само електронска пошта.
Весникот „Шпигел“ пишува дека во актовката има вреден семеен накит и важни документи.
Инаку, цената за голем оглас на цела страна во „Билд“ чини 23.886 евра.