Алцхајмерова болест и срцев застој се причина за смртта на Ракел Велч

Актерката Ракел Велч почина на 15-ти февруари, на 83-годишна возраст, а сега е откриена и причината за нејзината смрт. Ракел доживеала срцев застој, а исто така се борела и со Алцхајмерова болест, пишува во извештајот за смртта кој на увид го добил порталот „TMZ“. Велч починала во 2:25 часот на 15-ти февруари, а по смртта била кремирана.

Таа никогаш не откри јавно дека боледува од Алцхајмерова болест.Освои Златен глобус за филмот од 1974 година Ракел се прослави со улогите во филмовите од 60-те години како „Fantastic Voyage“ и „One Million Years B.C“, брзо станувајќи една од најбараните ѕвезди во филмската индустрија. Велч, која беше нарекувана и секс-симбол, го освои Златниот глобус за најдобра актерка во мјузикл или комедија за улогата во филмот „The Three Musketeers“ од 1974 година.

Во 1995 година, таа беше прогласена за една од 100-те најсекси ѕвезди во историјата на филмот, според магазинот „Empire“, а се најде и на третото место на 100-те најсекси ѕвезди на 20-от век на „Playboy“.

Во последните години актерката живееше повлечен живот, далеку од очите на јавноста. За последен пат беше видена во јавност во јули 2022 година, на улиците на Беверли Хилс.

Scroll to Top