Американска ателетичарка го тужи „Најки“ затоа што била малтретирана и со сила ја терале да ослаби

Американската атлетичарка Мери Кејн ја тужи компанијата „Најки“ затоа што ја терале со сила да ослаби. Таа бара отштета од 20 милиони долари од компанијата за спортска опрема поради малтретирање.

Кејн била дел од атлетската програма на „Најки“ во 2013 година, а кога почнале да ја присилуваат да ослаби, нејзината кариера почнала да уназадува. Тоа ја довело до депресија, а почнала да размислсува и за самоубиство.

Таа поднела тужба против својот поранешен Алберт Салазар за малтретирање.

Таа вели дека тој ја малтретирал, а од компанијата го премолчале проблемот. Во компанијата се знаело дека е малтретирана, но никој не реагирал. Проектот на „Најки“ е укинат во 2019 година откога американската антидопинг-агенција (УСАДА) го казни Салазар со четири години забрана да работи поради попречување на процесот на антидопинг-контроли.

Scroll to Top