Американски писател го предвиде коронавирусот во 1981 година

Луѓето на социјалните мрежи тврдат дека американскиот писател Дин Кунц ја предвидел појавата на коронавируисот уште во 1981 година. Во неговиот роман „Очите на темнината“ се споменува овој вирус, но и градот Вухан во Кина, кој е епицентарот на епидемијата со коронавирус.

На социјалните мрежи се објавуваат цитати од книгата и се тврди дека Кунч ја предвидел епидемија на вирусот Ковид-19, особено затоа што и тој во својот роман го споменува Вухан како епицентар на инфекцијата за која пишува во книгата. Писателот во овој трилер, кој е објавен пред речиси 40 години, го нарекува вирусот Вухан-400, што е морничава случајност.

Но, постојат големи разлики помеѓу вистинскиот вирус што потекнува од овој град и оној опишан во романот. Првата разлика е во тоа што Вухан-400 е развиен како биооружје надвор од градот за да се истребат луѓето. Во книгата стапката на морталитет од овој вирус е 100 проценти, односно секој што ќе се зарази со него – умира. Ковид-19, од друга страна, има стапка на смртност од 0,2 проценти.

Scroll to Top