Американскиот алпинист Герет Медисон искачи три врва во една сезона

Познат американски алпинист ја освои „тројната круна“, ретко достигнување во регионот на највисоката планина во светот, искачувајќи три врва – Монт Еверест, Лоче и Нуптсе – во една сезона.

Во четвртокот, Герет Медисон се искачи на Лоче, четвртиот највисок врв во светот (8.516 м), еден ден по искачувањето на Монт Еверест (8.849 м) по 13-ти пат, а Ишвари Паудел од компанијата „Хималајски водичи“, му помогна на планинарот во неговите авантури.

Медисон, сопственик на „Медисон планинаринг“ со седиште во Сиетл, се искачи на Нуптсе (7.855 метри) на 8 мај.

„Многу е тешко да се искачат сите три врва во една сезона, само неколку други планинари го постигнаа тоа“, рекол Подел.

Тој додадл дека Медисон на сите три искачувања бил придружуван од тројца Шерпаси (луѓе кои живеат на Хималаите, на границата на Непал и Тибет).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Garrett Madison (@garrettmadison1)

„Ние сме исклучително горди на тимот и овој огромен успех“, напиша Медисон на страницата на неговата компанија.

Британскиот алпинист Кентон Кул, кој ја постигна тројната круна во 2013 година, рече дека Медисон бил постојан водач на експедицијата, кој тивко се занимавал со својата работа.

„Кога го постигнав она што стана познато како тројна круна во една сезона, реков дека тоа нема да се повтори во годините што доаѓаат. Среќен сум што сега, десет години подоцна, Герет е тој што успеа да го стори истото. Браво“, изјавил Кул за Ројтерс, кој минатата недела го собори рекордот со 17 искачувања на Еверест, најмногу за странски алпинист.

Непалецот Ками Рита оваа недела по 28-ми пат се искачи на највисокиот врв, најмногу за сите планинари.

Scroll to Top