Американскиот музичар Том Пети починал од предозирање

Познатиот американски музичар Том Пети починал од случајно предозирање откако земал повеќе различни аналгетици, соопшти денеска неговото семејство.

Тој користел аналгетици поради повеќе здравствени проблеми, а првенствено го мачел скршениот колк, се наведува во соопштението.

Неговото семејство верува дека тој зел прекумерна доза лекови кога почина во октомври 2017 година на возраст од 66 години.

Scroll to Top