Анџелина Џоли со кифла и „кока-кола“ прошета на пазар
12/12/2017
И додека ретките домашни јавни личности н е можете да ги видите и во обична прошетка низ градот, а камоли на пазар, со холивудските ѕвезди тоа не е случај. Оваа теорија ја потврди уште една дива, Анџелина Џоли, која во неделата на 10 декември била токму на пазар.Анџелина го посетила Rose Bowl Flea Market во Пасадена, Калифорнија, а друштво и правеле децата Шајло, Нокс и Вивиен.Иако на пазарот Џоли повторно покажала зошто важи за модна икона, а колку била расположена јасно покажуваат и нејзината широка насмевка и ноншалатното движење.Инаку, детаљот што на сите им падна в очи е она што Анџелина го носеше во рацете – кифла и „кока-кола“.Со тоа ги демантира сите што зборуваа дека Анџелина се храни со тревки и со тоа сосема очигледно е дека се далеку од вистината. И додека Џоли пазареше интересна облека, како џемпери, децата беа заинтересирани за автомобили и слични предмети.Уште еден интересен факт е поврзан за посетата на холивудската дива на пазарот, а тоа е дека неколкумина ја преопознаа под црната шапка што ја имаше на главата.Веројатно, тоа е затоа што никој не верувал дека таа ќе прошета токму на ова место.
Анџелина Џоли со кифла и „кока-кола“ прошета на пазар was last modified: December 12th, 2017 by Љубисав Владимиров