Бабунски избран за играч на сезоната во Дебрецен

Македонскиот фудбалер Дориан Бабунски, со најмногу голови во сезоната за Дебрецен стана фудбалер на годината во клубот и го доби пехарот за Топ играч.

Бабунски сезонава во лигата даде 13 голови и четири асистенции на 30 натпревари. Има дадено и во Купот. Благодарение на него Дебрецен обезбеди пласман во еврокуповите како третопласиран, а Бабунски имаше клучна улога во последните кола.

 

 

Scroll to Top