Светската туристичка платформа „Биг 7 Травел“ неодамна ја објави својата годишна листа на 50 најдобри плажи во светот.
Фактори според кои ја составиле листата се синото знаме, популарноста на плажата на социјалните мрежи и впечатоците од редакцијата.
На прво место ја ставија Белата плажа на Филипините, која ја опишуваат како скапоцен камен кој може да се пофали со лежалки, песок и кристално чиста вода.
Второто место на оваа листа го зазеде плажата Кабо Сан Хуан во Колумбија, додека плажата Жалузи во Сент Лусија е на третото место.
Кендва во Занзибар, плажата Вајтхавен во Австралија, Ансе Сорс д’Аргент на Сејшелите, плажата Навагио на брегот на Закинтос, плажата Ланг Ко во Виетнам и плажата Хајмс во Австралија, исто така, се најдоа на првите десет плажи на оваа листа.