Бившата му исчезна од јавност, а ги крие и ќерките и љубовниците, каков е љубовниот живот на Владимир Путин

Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила, како да исчезна од јавноста, а рускиот претседател вешто ги крие и неговите ќерки и љубовници, пишуваат светските медиуми. Тој официјално се разведе од Људмила во 2014 година. Со неа беше 30 години во брак.

Година дена пред да се разделат во режирано интервју Путин рече дека повеќе не се заедно и дека разделбата бил логичен чекор. Заедно ги добија двете ќерки, Марија и Катерина, додека голем број од деталите за нивниот брачен живот за јавноста не се познати.

Затоа што ги држи во тајност, голем дел од руските граѓани не ни знаат како изгледаат. Јавноста веќе и ја има заборавено Људмила, која по разводот се повлече од јавниот живот. Тогаш се споменуваше дека причина за разводот била аферата која Путин ја имал со Алина Кабајева.

Познатата гимнастичарка беше во врска со Путин од пред 13 години, но и таа се повлече од јавноста откако почна да се зборува дека чекаат близнаци. Од гимнастиката Кабајева се повлече во 2005 година, откако 8 години ги помина во парламентот. Беше член на партијата на Путин.

Весникот „Корепондент“ објави дека Путин потоа се свршил со Алина. Но, само еден повик потоа ја промени целата приказна. Сопственикот, олигарх и милијардер Александар Лебедев брзо ја повлече приказната и го затвори весникот.

Трачевите одеа дотаму што се појави и приказна дека Путин добил син со Алина, а наводно во 2013 година добиле уште едно дете. До ден денес не е познато колку деца и љубовници има рускиот претседател Владимир Путин.

Scroll to Top