Холивудскиот актер Бредли Куоер, во поткастот Smartless откри за тешкиот период од неговото минато. Тој рече дека имало денови кога целосно бил изгубен и зависен од кокаин.
„Ја пресеков Ахиловата тетива откако добив отказ во серијата Alias. Имав среќа што тоа ми се случи кога имав само 29 години. Мислев дека успеав кога ја добив рекламата за Wendy’s. Тогаш се преселив во Лос Анџелес за серијата Alias и се чувствував како да сум се вратил во средно училиште. Не можев да влезам во ниту еден клуб, ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Бев сосема депресивен“, рече Купер.
Тој откри дека неговата зависност од алкохолот и дрогата почнале уште пред да ја стекне светската слава со филмот „Мамурлак“.
„Така беше сè до ‘Мамурлак’. Имав 36 години кога работев на филмот, така што морав да минам низ сите тие работи пред славата воопшто да влезе во мојот живот на секојдневно ниво. Сето тоа се случи пред да станам познат“, призна Купер.
Тој рече дека во 2004 година Вил Арнет бил во неговиот дом да се увери дека е добар. Тој бил загрижен за него кога го видел дека не можел да ги прошета кучињата.
„Тогаш првпат сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Тоа ми го рече и Вил и никогаш нема да го заборавам тоа. Тоа ми го промени целиот живот. Дефинитивно направив големи промени во периодот од 29. до 34. година, кога барем можев да застанам пред некого, да дишам, да слушам и да зборувам“, призна Купер.