Бритни Спирс се најде во незгодна ситуација пред ресторан во Лас Вегас во кој беше и француската НБА ѕвезда Виктор Вембањама. Пејачката сакаше селфи со кошаркарот, но наместо тоа заработи шлаканица од еден од неговите лица од обезбедувањето. Паднала на земја и испаднале очилата, пренесоа медиумите.
Бритни во ресторанот била со сопругот Сем Асгари и уште двајца пријатели. По инцидентот, човекот од обезбедувањето Демијан Смит отишол и ѝ се извинил.
„Мора да разберете дека тоа може да се случи кога околу него има многу обожаватели“, рече Смит, а Бритни иако го пријави целиот случај во полиција, на крајот го прифатила извинувањето.
Од полицијата соопштија нема да го третираат тоа како напад бидејќи Смит го бранел кошаркарот.