Брза црна торта без јајца

Состојки:
Бисквит: 3 јогурти, 200 шеќер, 300 грама обично брашно, 120 мл сончогледово масло, 30 г какао, 2 лажички сода бикарбона.

Глазура: 150 гр путер, 150 грама темно чоколадо, 100 шеќер, 100 млеко.

Подготовка:
Направете го бисквитот: Загрејте ја рерната на 185 степени. Во сад се става јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и сода бикарбона и се мешаат со електричен миксер 2 до 3 минути за да се добие мазна смеса.

Печете: Истурете го во плех со димензии 20х30 см кој сте го премачкале со малку масло и посипете со брашно за да не се залепи бисквитот. Печете 20 до 25 минути.

Прелијте со глазура: Растопете го путерот на пареа, а потоа додадете ја ситно сечканата чоколада и мешајте додека целосно не се растопи. Додадете шеќер и млеко и матете со жица додека не добиете изедначена смеса. Изладете го колачот прелијте го со чоколадна глазура.

Scroll to Top