Чоколаден чизкејк со ореви

Состојки:

За кората: 100 грама маргарин, 150 грама мелени бисквити, 2 лажици какао во прав, грст мелени лешници, кикиритки или ореви.

За полнење: половина килограм маскарпоне сирење, 300 грама чоколадо за готвење, 200 грама шеќер во прав, 250 мл слатка павлака.

За декорација: ореви по желба, стопено чоколадо по вкус.

Подготовка:
Растопениот маргарин измешајте го со мелените бисквити и мелените ореви, па притиснете го во калап, претходно обложен со хартија за печење.
Слатката павлака се мати додека не се добијат крути врвови, па се додаваат сирењето и шеќерот во прав и се продолжува со матење. Чоколадото растопете го на пареа, па додајте го кога малку ќе се олади. Внимателно измешајте, па прелијте со кората од бисквит и маргаринот. Посипете со сецкани ореви и стопено чоколадо. Ставете во фрижидер да се стегне.

Scroll to Top