Дали кучето може да се налути на сопственикот? Одговорот на експертите ќе ве изненади

Кучињата важат за најверни домашни миленици, но многу сопственици барем еднаш си го поставиле прашањето – дали кучето може да се налути на човекот?

Одговорот од експертите е донекаде изненадувачки – кучињата навистина чувствуваат емоции, но не на ист начин како луѓето.

Иако можат да покажат среќа, страв, вознемиреност или возбуда, она што често го толкуваме како лутина, всушност е нешто друго. Кога кучето изгледа „луто“, најчесто станува збор за фрустрација, страв, немир или разочараност, а не за вистинска човечка лутина.

Кучињата не задржуваат лутина

За разлика од луѓето, кучињата не ги задржуваат емоциите долго. Ако се вознемирени затоа што не добиле внимание, прошетка или храна, ќе реагираат во тој момент. Но, штом ситуацијата се промени, емоцијата исчезнува.

Тоа значи дека кучето нема да биде луто со часови или денови, ниту ќе „памети“ зошто било вознемирено.

Љубомора, а не бес

Многу сопственици забележуваат дека нивното куче се однесува чудно кога ќе почувствува мирис на друго куче или кога вниманието ќе го насочат кон друг миленик. Иако тоа може да изгледа како лутина, експертите сметаат дека станува збор за љубомора.

Истражување на психологот Кристин Харис покажува дека дури 72 проценти од кучињата реагираат кога сопственикот гали плишана играчка наместо нив – ја оттурнуваат или дури ја гризат. Ова покажува колку им е важна вниманието од сопственикот.

Кучињата не се злопамтила

Добрата вест е дека кучињата не задржуваат негативни емоции. Тие ги изразуваат во моментот и брзо ги забораваат. Затоа нема потреба да се грижите дека кучето ви „замерува“ нешто од минатото.

Како да му помогнете кога е вознемирено

Кога ќе забележите дека кучето е нервозно или вознемирено, најважно е да му дадете внимание и чувство на сигурност. Игра, прошетка или омилена награда најчесто се доволни за брзо да се подобри расположението. Понекогаш, најдобро е едноставно да му дозволите да се смири само.

Иако понекогаш изгледа како кучето да е луто, вистината е дека тие не ја чувствуваат лутината како луѓето. Нивните емоции се краткотрајни и директно поврзани со моменталната ситуација.

Едно е сигурно – кучето нема да ви замери. Неговата лојалност останува иста, без оглед на сè.

Scroll to Top