Домашни кифли со мармалад

Потребни состојки:

1/2 коцка квасец
1 лажица брашно
1 лажица шеќер
200 мл млако млеко
200 гр свинска маст
1 ванилин шеќер
400 гр брашно
1 лажичка сол
мармалад по вкус
шеќер во прав за валкање

Начин на подготовка:

Во длабок сад го ставаме квасецот, шеќерот, 1 лажица брашно и млекото. Мешаме да се соединат убаво состојките и оставаме да се активира квасецот. Потоа ја додаваме свинската маст, мешаме да се соединат убаво состојките. На крај ги додаваме ванилата, брашното и солта. Замесуваме меко, нелепливо тесто и го оставаме во ладна просторија 2,5 до 3 часа. Го вадиме тестото од садот и од крпата, на малку набрашнета работна маса и формираме топка која ја делиме на два дела. Од секој дел на набрашнета работна маса расукуваме тркалезна кора и сечеме на 16 делови, за 16 кифлички. На секој дел ставаме по пола лажичка мармалад и формираме кифлички, кои ги редиме во плех врз хартија за печење. Ги покриваме и ги оставаме на топло 40 минути да стасаат. Постапката е иста и со другата половина од тестото. Стасаните кифлички ги печеме во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе остинат ги валкаме во шеќер во прав.

 

Scroll to Top