„Една љубов“ почнува во Скопје

Во градски парк Скопје на 16 јуни во 10 часот претпладне ќе почне првиот од осумте концерти наречени „Една љубов“. „Една љубов“ се одржува вторпат и на едно место ќе го претстави најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија.

На првиот концерт во Скопје ќе пеат Љубојна, Слаткаристика, Некст тајм, хорот „Златно славејче“, настап ќе има Сашко Коцев, Ансамбал Булгаре, Деси Добрева и Фолтин. На фестивалот ќе настапат музичари од Македонија и од Бугарија. Дел од концертите годинава, исто како лани, ќе се одржат во градови низ Македонија, а неколку концерти ќе се одржат во Бугарија.

Во понеделник во Софија, Бугарија, ќе се одржи прес-конференција на која организаторите од Македонија и Бугарија заедно ќе ги соопштат останатите датуми и градови во кои ќе се одржат уште седум концерти од One Love турнејата.

 

Scroll to Top