(Фото) Ќерката на Бил Гејтс се соблече во бикини во знак на поддршка на борбата против забрана за абортус

Ќерката на милијардерот Бил Гејтс, Фиби Гејтс, позираше во бело бикини како знак на поддршка за пристап на секој човек да добие сексуална и репродуктивна здравствена заштита и борбата против укинувањето на уставното право на абортус.

Во моментов Врховниот суд во САД е подготвен да го укине ова уставно право, рече Фиби, која додаде дека не се срами од нејзиното тело.

Не се срамам од моето тело ниту пак се срамам да кажам дека се тргнете од него со вашите забрани. Секој човек заслужува пристап до сексуална и репродуктивна здравствена заштита. Во моментов Врховниот суд е подготвен да го укине уставното право на абортус. Придружете ми се мене и на милиони други жени во нашата борба за ова основно човеково право“, порача Фиби.

Таа објави фотографија на која позира во бело бикини потпрена на ѕид, а рацете ѝ беа зад грб.

„Мое тело, мој избор“, додаде Фиби, и доби голем број коментари со поддршка од фановите меѓу кои беше и нејзината сестра Џенифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Phoebe Gates (@pheebeegates)

За потсетување, Бил Гејтс има три деца, ќерката Џенифер, синот Рори и намладата Фиби. Во едно интервју, пред неколку години, тој рече дека не планира да им го остави неговото богатство во наследност.

„Моите деца ќе се школуваат и ќе мора самите да си ги изградат кариерата и животниот пат. Толку пари може само да им ги уништи животите“, рече основачот на „Мајкрософт“.

 
Scroll to Top