(Фото) Кристијано Роналдо напорно тренира за продолжението на сезоната

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо повторно покажа дека е еден од најподготвените спортисти во светот. Тој и за време на паузата поради пандемијата со коронавирусот, работи напорно на себе за да биде колку е можно поподготвен за продолжението на сезоната во Серија А.

34 годишниот фудбалер изгледа имресивно, а најдобар доказ за тоа е фотографијата која ја објави за време на еден од неговите тренинзи во вежбална. Фотографијата ја објави на социјалните мрежи и веднаш доби огромен број пофални коментари за неговиот одличен изглед.

„Мотивација за понеделник! Натпреварувањето се ближи“, напиша во коментарите Роналдо.

Јувентус првиот натпревар во продолжението на шампионот го игра на 22. јуни на гостувањето во Болоња. Старата дама е лидер на табелата, но има само еден бод повеќе од второпласираниот Лацио.

 

Scroll to Top