Пејачката Пинк викендов замина на семејно кампување со сопругот. Фановите ги изненади со голи фотографии додека се сонча и тушира покрај камп приколка.
„Викенд на езеро и нов смешен костим за капење. Ако никогаш не сте се туширале надвор додека сопругот се обидува да ве плаши на секои пет минути, тогаш сте немале живот“, рече Пинк.
Пејачката Алесија Бет Мур Харт, позната како Пинк прво објави фотографија во проѕирно бикини со детали од банана, а потоа додека се тушираше ги покри интимните делови.
За брзо доби комплименти дека изгледа топ. За потсетување, Пинк е позната дека формата ја одржува со редовни спортски активности. Обожава сурфање, а на Инстаграм може да се види дека често игра тенис.