(ФОТО) Приказна што докажува дека мајчиното млеко е лек

Една мајка објавила фотографија од своето млеко кога нејзиното девојче било здраво и кога било болно. Млекото што било измолзено кога ќерка ѝ имала температура покажува дека плунката на доенчето му помага на мајчиното млеко да произведе антитела. Ова покажува како женското тело го штити своето новороденче и по неговото раѓање, а фотографијата што Ешли Чејс ја објавила на „Фејсбук“ е вистински пример за тоа.

Белото млеко на фотографија било измолзено три дена пред нејзината ќерка да се разболи, а жолтото млеко е измолзено откако девојчето се разболело. Ешли мислела дека нешто не е во ред со нејзиното млеко, па викнала педијатар.

Докторот рекол дека жолтата нијанса на млекото се појавила поради дополнителните маснотии и антитела што нејзиното тело ги произвело со цел да му помогнат на девојчето да оздрави.

Според научниците, она што се случува е всушност познато како плакнење. Кога бебињата се доени, дел од нивната плунка се враќа назад во мајчината брадавица, а се претпоставува дека плунката испраќа сигнали кон мајчиното тело.

Пред неколку години, австралискиот научник Фотеини Какулас направил истражување кое покажало дека иако мајчиното млеко содржи ниско ниво леукоцити, кога бебето ќе се разболи, нивото на леукоцити нагло расте и потоа се враќа во нормала кога болеста ќе исчезне.

 

Scroll to Top