Германски дизајнер креира футуристички стадиони со помош на вештачка интелигенција

Користејќи вештачка интелигенција, архитектот од Хамбург, Поури Бабакани, дизајнирал низа футуристички фудбалски стадиони во Лондон. Своите креации поддржани од вештачка интелигенција ги објави на својот инстаграм-профил.

Бабакани за дизајнирање на футуристичките стадиони користел софтвер за претворање текст во слика со име Midjourney AI. Резултатите кои ги добил биле спортски арени основани на британската високотехнолошка архитектура. Целта на германскиот дизајнер била да го долови потенцијалот на Midjourney AI и да ги истражи начините за оживување на визионерска архитектура.

Бабакани смета дека AI алатите за генерирање слики потенцијално можат да доведат до поиновативни и покреативни решенија во концептуалното проектирање.

Алатките за дизајн на вештачката интелигенција имаат можност да го поедностават процесот на проектирање, овозможувајќи им на архитектите да се сконцентрираат на концептуализација во усовршување на своите идеи наместо да трошат време на рачни задачи. Тоа е потенцијално може да доведе до оживување на визионерската архитектура, каде дизајнерите можат во целост да го прифатат својот креативен потенцијал и да ја поместат границата на тоа што е можно во изградено окружување, истакнува Бабакани.

 

 

Scroll to Top